„БИТ ФЕСТ“ на стадионот „Петар Милошевски“

42

Општина Битола се подготвува за реализација на уште едно незаборавно културно лето, исполнето со квалитетни културни содржини, нови концепти и традиционални манифестации. Најголемото музичко доживување во Битола на официјалното отворање на 16 издание на „БИТ ФЕСТ 2024“, најавува програма со висок квалитет.

За првпат, стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, на отворањето на „БИТ ФЕСТ 2024“ ќе биде домаќин на спектакуларен настан кој ќе се одржи на 3 јули 2024 година, со почеток од 19 часот. Следува несекојдневен настан, кој ќе постави нови стандарди во културата и музичкиот живот во Битола.

Подготовките се веќе започнати, а наскоро следуваат и детални информации за настанот, како и за целата културна програма на Битолскиот летен фестивал „БИТ ФЕСТ“.

– Со ваквиот пристап, Општина Битола, продолжува да посветува посебно внимание на културниот живот во градот, овозможувајќи поддршка на домашната културна сцена, но истовремено поставувајќи ја Битола на светската културна мапа – велат од локалната самоуправа.