Bез вода за дел од улицата „Петко Јанчевски“ во Радишани

53

Поради промена на затварач од ф-80 милиметри и воздушен вентил од ф-80 милиметри на улица „Петко Јанчевски“ број 62, утре без вода ќе бидат дел од корисниците од улицата во скопската населба Радишани.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот и ќе трае се до завршување на активностите.