Алпаките од скопската Зоолошка добија летни фризури

244

Алпаката Бренди доби летна фризура. И не само Бренди, тимот на зоонегуватели од скопската Зоолошка градина се погрижи сите алпаки да добијат летни фризури и да уживаат во летото.

-Одржувањето на крзното на алпаките е многу важно, а особено во летните месеци кога температурите се високи – потенцираат од Зоолошката градина.