Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди пристанишниот град Валпараисо во Чиле.
Земјотресот се случил на длабочина од 44 километри, додава EMSC, а пренесува Ројтерс.
Засега не се објавени информации за евентуална материјална штета или повредени.