Гори „Замокот на Хари Потер“: Најмалку две лица загинаа, а 20 се повредени во рускиот напад на Одеса/ВИДЕО

745

Најмалку две лица загинаа, а 20 лица се повредени при денешниот напад на руската армија врз најголемото украинско пристаниште на Црното Море, Одеса, објави градоначалникот Хенадиј Труханов.

На социјалните мрежи може да се види дека при нападот била погодена зградата на Правниот факултет, попозната како „Замокот на Хари Потер“.

Според украинските медиуми, гори и куќата на поранешниот регионален заменик Сергеј Кивалов.

Регионалниот гувернер на Одеса, Олех Кипер, потврди дека меѓу повредените има и 12-годишно момче.

Неколку од повредените се во тешка состојба.