Многумина се прашуваат – зошто Австралија учествува на Евровизија?

106

Иако географски гледано, нема логика Австралија да биде учесник на Евровизија, сепак тоа се случува бидејќи ова натпреварување е многу популарно во оваа земја, пишува Индекс.

Евровизија е многу гледана во Австралија
Во Австралија Евровизија се гледа можеби повеќе од која било европска земја, па организаторите сметаа дека гледаноста може да биде уште поголема доколку Австралија секоја година праќа свој претставник на натпреварот.

Во 2014 година добија официјална покана за настап во полуфиналето, но во забавниот дел од програмата. Веќе следната година учествуваа во натпреварувачкиот дел. Потоа ги претставуваше Гај Себастијан со песната „Tonight Again“, која на крајот заврши на петтото место.

Се планираше Австралија да учествува само во 2015 година и следната година доколку победи, но таа земја повеќе не отсуствуваше на Евровизија. Веќе во 2016 година, тие го освоија второто место на популарен музички натпревар со песната „Sound of Silence“ испеана од Дами Им.

Годинава ги претставува Војаџер

Оваа година Австралија ја претставува Војаџер со песната „Promise“ која моментално е 19. на евровизиските обложувалници.

Меѓутоа, ако Австралија победи, ќе треба да избере европска земја која ќе ја заврши целата работа како домаќин на Евровизија во нејзино име, бидејќи не смее да биде домаќин на натпревар на друг континент.