Холандскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити, Нејтан Аке, пред неколку дена бил информиран дека може да си побара нов клуб за време на летниот преоден рок. Централниот дефанзивец имаше скромна минутажа во изминатата сезона, а како што пренесуваат британските медиуми, следна негова дестинација најверојатно ќе биде тимот на Њукасл.