Принцезата и принцот од Велс Кејт Мидлтон и Вилијам денеска ја слават 13-годишнината од бракот. Оваа убава прилика дојде во тежок момент за целото семејство. Љубовта на славните сопружници е на тест откако е откриено дека принцезата има рак и почнала да се лекува.
Дури и покрај баксузната симболика на бројот 13, Кејт и Вилијам покажаа дека нивниот брак е силен. Имено, тие на својот официјален профил на социјалните мрежи објавија фотографија од својата гламурозна венчавка која пред повеќе од една деценија ја следеше цел свет.
Младенците се смешкаат на фотографијата, полни со ентузијазам за сѐ што им носи иднината. Обожавателите беа воодушевени од оваа објава, бидејќи со недели беа загрижени за судбината на саканата принцеза.
Но, имаше и такви кои во коментарите кажаа дека фотографијата е црно-бела, а симболиката е мрачна, знаејќи дека Кејт се бори за своето здравје.
„Зошто црно-бела фотографија?“, „Бев шокиран кога ја видов црната боја, ми е лошо“, „Зарем не можеше да има посреќна фотографија?“, „Црно-бели фотографии не се објавуваат освен ако некој не умрел“, беа некои од загрижените коментари.
View this post on Instagram