Македонскиот пејач Ѓоко Јовиќ со мрсен бакшиш на настап во Србија

188

Главна пејачка ѕвезда изминатиот викенд, на еден настап во Србија, во еден гламурозен ресторан, каде што доаѓаат најбогатите поради добрата музика и уште повкусното јадење, беше токму македонскиот фолк-пејач Ѓоко Јовиќ. Тој направи вистински `ршум таму. За тоа сведочат и некои папарацо фотографии, од кои се гледа колку добар бакшиш заработил Ѓоко. Едвај успева со рака да задржи големо купче со евра, да не се разлетаат и да завршат кај некој друг.

Заедно со Ѓоко, но само како гостинка со неколку песни, настапи и српската естрадна ѕвезда, Снежана Ѓуришиќ.  Па нека кажат потоа дека им е тежок естрадниот живот. Додуша, патувањата се чести и исцрпувачки. Е, само тоа.

Преморот го снемува веднаш кога ќе се наполни паричникот, да се прелева, и со евричиња, и со доларчиња и со денарчиња. Секако, заслужено. Не може секој да биде Ѓоко Јовиќ и да биде во друштвото на Лепа Снежа, која, инаку, ја познаваат во естрадните кругови и како некоја што не е гадлива на пари. На овој настап, сепак, беше колегијална, па му го препушти бакшишот на Јовиќ. Сè на сè, тоа им е работа на естрадните личности – да пеат и, секако, мрсно да заработуваат.    Д.М.