Новак Ѓоковиќ и без игра останува на првото место на АТП-листата. Ова му е 423. недела на врвот на светскиот тенис, што е неверојатно остварување. Иако не игра на Мастерсот во Мадрид, каде што му се сите ривали за првото место, тој е убедливо прв со 9.990 бодови. Втор е Јаник Синер со 8.660 поени, трет Карлос Алкараз со 8.145 и на четвртото место е Данил Медведев со 7.085 поени.
Сите останати се далеку зад нив, а во првите десет се уште Александар Зверев, Каспер Руд, Стефанос Циципас, Андреј Рубљов, Хуберт Хуркач и Григор Димитров. Новак сигурно ќе биде прв уште неколку недели, што и да се случи. Дури и да не игра, Јаник Синер не може да го достигне, а и да го освои турнирот во Мадрид може да стигне до 9.660 бодови. Во случај на триумф Алкараз, Шпанецот може да дојде до до 8.145 бодови, а Данил Медведев до 7.995 поени.