Донирај го својот стар компјутер

122

По примерот на акцијата „Донирај го својот стар компјутер“ на општина Бутел и општина Крушево започнува акција за обезбедување на компјутери за социјално ранливи семејства чија намена ќе биде следење на „онлајн“ настава. Оваа акција е продолжение на претходната кога беа доделени 30 таблети.

За таа цел, општина Крушево ги повикува сите граѓани, здруженија и претпријатија да донираат персонални или преносни компјутери кои се функционални и истите ќе бидат донирани на семејства во социјален ризик. Исто така, локалната самоуправа ќе обезбеди одреден број на лап топи.