Едоуард задолжен за погодоците

32

Новите сопственици на англискиот премиерлигаш Њукасл ќе се обидат за време на летниот преоден рок да ги осигураат и услугите на најдобриот фудбалер во дресот на актуелниот шампион на Шкотска, тимот на Селтик, Одсон Едоуард.

Францускиот интернационалец има совршена сезона и сосема очекувано го привлече вниманието на најбогатите клубови во англиската Премиер лига. Младиот напаѓач ќе ја добие потребната дозвола за да ја промени средината само доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 45 мил. фунти.