По „Аладин“, „Кралот лав“ и неколку други филмувани верзии на историски класици на Дизни, сега се подготвува и реалистична, односно играна преработка на цртаниот филм „Херкул“ од 1997 година. Во тек е и избор на актери.

По видеото на кое ја пее „I Won’t Say I’m In Love“, Аријана Гранде стана најголем фаворит за улогата на Мегара меѓу обожавателите на Дизни. Мегара му е девојка на Херкул во приказната. Пејачката Лорен Кејана Кеке Палмер пак, е главен фаворит за една од музите. Таа пред своите следачи на Фејсбук ја изведе „Zero to Hero“, исто така, песна напишана за цртаниот филм.

Новиот филм е во претпродукција, па многу од улогите, како на пр. ликот Херкул, сѐ уште не се доделени.