Посветено работиме на подобрување на услугите за граѓаните

98

– Градот Скопје посветено работи на подобрување на услугите со цел отстранување на административните бариери за кои најчесто забелешки истакнуваат граѓаните и стопанството, истакна градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на дводневната регионална конференција „Соработка за зајакнување на претприемништвото и растот на малите и средните претпријатија“, во организација на Агенцијата за поддршка на претприемништвото, на која учествуваат владини претставници и претставници од академската фела од Србија, Хрватска, Турција, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина. 

– Новите програми за претприемништво и поддршка на иновации на град Скопје, се дел од приоритетните заложби на кои посветено работиме, со цел поттикнување на локален економски развој и воспоставување на соработка меѓу Град Скопје и приватниот сектор – истакна Арсовска.

Таа додаде дека е формиран Совет за жeни претприемачи, кој придонесува во креирањето политики и програми со кои се придонесува за економски силни и финансиски стабилни жени претприемачи и постигнување нивна одржливост.

– Малите и средни претпријатија се столбот на економијата, создаваат работни места, поттикнуваат иновации и придонесуваат за економски раст. Развојот на малите и средни претпријатија значи зајакнување на конкурентноста и претприемништвото, што директно влијае врз подобрувањето на ефикасноста, продуктивноста и степенот на иновации во економијата. Денес имаме одлична можност за размена на добри практики и позитивни искуства, од кои произлегуваат решенија и конкретни мерки за полесно справување со заедничките економски предизвици во регионот – наведе Арсовска.