10 години до доживотен затвор? Се очекуваат првите кривични пријави за монструозното убиство на Вања и Панче

286

Македонскиот обвинител Гаврил Бубевски во утринската програма на српската ТВ Нова, изјави дека на осомничените за убиството на тинејџерката Вања Ѓорчевска и фризерот Панче Жежовски им се заканува казна затвор од десет години, како и доживотен затвор. Според него, денеска се очекуваат првите кривични пријави против осомничените.

„Последната информација е дека на уапсените им е одреден притвор од 48 часа, меѓу кои е и таткото на Вања. Тројца ја признаа вината, а четвртиот за кој имаме докази дека е вмешан, ништо не призна. Активна е меѓународната потерница по убиецот и чекаме да се реализира. Деталите за улогата на таткото се уште се исти. Ги дал сите информации за движењата на девојчето, кога ќе биде сама и слично. Киднапирањето на девојчето е поврзано со личен интерес, истото го кажале и осомничените, го киднапирале детето за да земат пари од мајката. После тоа се случи убиство, кое ја потресе цела нација“, вели обвинителот Бубевски, а пренесува ТВ Нова.

Според него, киднаперите се плашеле дека полицијата ќе им го открие планот, па го убиле девојчето пред нејзината мајка да биде известена за откупот.

„Денеска ја очекуваме првата кривична пријава, очекувам да видиме што ќе се совпадне за да ја имаме целата приказна. Мислам дека пријавата само ќе се совпадне со приказната на осомничените“, вели обвинителот.

Бубевски посочува дека осомничените се соочуваат со казна затвор од 10 години до доживотен затвор.

Ваков случај досега немало, но тоа му дава тежина на овој случај“, заклучува Бубевски за ТВ Нова.