Бурниот живот на југословенски двоен шпион-агент за време на Втората светска војна, Душко Попов, му послужил како инспирација на Јан Флеминг да го креира Џејмс Бонд. И самиот Флеминг бил разузнувач, познат како човек со добар вкус за пијачка, жени и брзи автомобили. Најголемото постигнување на Попов е што ги убедил Германците дека сојузничката инвазија од Европа нема да започне во Нормандија туку во Калас што предизвикало диверзија кај Хитлеровите сили

Џејмс Бонд, неоспорен симбол на моќ, гламур, класа и манири и добар вкус, е главниот јунак на најдолговечната филмска франшиза во историјата на кинематографијата. Од првиот филм „Др. Но, “(1962), до последниотНема време за умирање(2020), интересот за приказната за тајниот агент на британската служба МИ6, кој пие мартини, вози„ астон мартин“ и сака друштво на убави жени, сè уште не стивнува.

Но, слично како и во филмските сцени, полни со интригантни моменти, приказната   за најгледаниот шпион продолжува. Веста дека тајниот агент 007 всушност бил Србин, многумина ја примија со неверување. Но, нема причина да се сомневаме. Информации за животот и делото на Душко Попов (10 јули 1912 година – 10 август 1981 година), од Ново Милошево (општина Нови Бечеј, Војводина), за неговото потекло, образование, склоности со кои го импресионирал, пред сè, Јан Флеминг, кој инспириран од неговиот живот го создаде планетарно познатиот лик, поткрепен со многубројни документи и фотографии, од 2019 година го најдоа своето место во музејот „Жеравица“ во Ново Милошево.

Музејот „Жеравица“ во Ново Милошево

За Германците „Иван“, за Британците „Трицикл“   

Нашиот херој е роден во Тител само затоа што нивниот матичен лекар живеел таму. Раното детство го поминал со семејството во Ново Милошево, по што се преселиле во Дубровник. Средно училиште завршил во Париз, а правен факултет  во Белград. Во 1936 година се запишува на постдипломски студии и докторира во Фрајбург. Благодарение на тоа, тој течно зборуваше француски, германски и англиски јазик. Неговиот престој во елитни училишта му обезбедил друштво на пријатели кои подоцна зазедоа високи позиции во неговите матични земји.

Душко Попов бил југословенски двоен шпион-агент за време на Втората светска војна. Во тој период Флеминг бил специјален асистент на директорот на Поморската интелигентна служба. Роден во богато семејство, кога бил млад се занимавал со различни професии пред да стане писател. Приказните за Џејмс Бонд се напишани по војната.  Флеминг признал дека се водел според личните искуства и според луѓето што ги сретнал во текот на војната. Такво едно запознавање било и во казиното „Есторил“ во Португалија, 1941 година.

Обајцата разузнавачи деле иста страст кон жените, брзите автомобили и префинетите пијалаци

Јан Флеминг го набљудувал Попов во казиното додека тој се обложил против богат противник што избегал од нацистичка Германија. Казиното во приказната на Флеминг е заменето со името „Ројал“. Флеминг како службеник бил задолжен да го придружува Попов како MI6-придружба. Попов носел 40.000 долари, сопственост на владата на нејзиното величество. Попов се соочил со противникот и ги извадил парите на маса, а сите во казиното занемеле, па противникот на Попов се повлекол од играта.

Попов со една од неговите бројни девојки, но и соработнички – Тери Ричардсон од ФБИ

Покрај МИ6 и Абвер, Душко Попов работел и за југословенската разузнавачка служба. Тој беше познат во Абвер како „Иван“, во МИ6 како „Трицикл“, затоа што беше водач на група од тројца двојни агенти.

Оваа двојна игра на Попов се покажала како важна за поразот на нацистите. Германците му барале информации од Англија. Англичаните му давале погрешни информации кои тој ги пренесувал во Германија, доволно за нацистите да мислат дека имаат успешен шпион, но не знаеле дека ќе ги изгубат клучните операции. Негово најголемо постигнување е што ги убедил Германците дека сојузничката инвазија од Европа нема да започне во Нормандија туку во Калас. Ова предизвикало диверзија кај Хитлеровите сили. Германците никогаш не се посомневале во Попов, иако тој константно ги саботирал нивните акции. Сепак, имало една нација кај која Попов не наишол на доверба.

Непожелен за Америка

Во 1941 година бил испратен во Америка да собере информации и да утврди мрежа на шпиони. Добил листа со барања за информации, меѓу кои и одбраната на поморската база „Перл Харбор“ на Хаваи. Попов го посетил и ФБИ и ги предупредил агентите за непријателските интереси. Спротивно на неговите очекувања, директорот на бирото, Џ. Едгар Ховер, одбил да поверува во неговите информации.

Уште една сличност меѓу Попов и Бонд – неговиот интерес за жени. Имал страсна афера со актерката Симоне Симон, која ја сретнал во Париз, а бил познат и по тоа што живеел луксузен живот со многу жени. Иако во Америка неговите информации биле одбиени, тој продолжил да се забавува со многу познати личности во различни ресорти. Кога Хувер дознал за активностите на Попов во Америка, се заканил дека ќе го уапси доколку не ја напушти земјата што побргу.

Флеминг, и самиот страстен птичар, го именувал својот херој според орнитологот Џејмс Бонд, авторот на прирачникот за птици „Птици на Западна Индија“. Бројот 007 е исто така позајмен. Попов еднаш му се довери дека има свој советник и дека секогаш бира еден број кога ќе се најде во тешка ситуација. Тоа беа последните три телефонски броја на неговиот вујко, Милорад Попов кој живеел во Белград.

По Втората светска војна, Попов се повлекол од јавниот живот и сè до објавувањето на книгата „Јас сум шпион“ во 70-тите години од минатиот век, и две автобиографии, никој не знаел со што се занимавал, па дури ни неговото семејство. Тој се женел два пати. Имаше еден син со својата прва сопруга и три сина со својата втора.

 

 

 

И уште еден куриозитет. Душко Попов е единствената индивидуа што по Втората светска војна добила одликување и од Велика Британија и од Германија. Попов починал во 1981 година поради нарушеното здравје од алкохол и цигари. Јан Флеминг, пак, починал уште во 1964 година од срцев удар.