Во Словенија најстуден април во последните 24 години

35

Во Словенија, април 2021 година е најстудениот април во последните 24 години, со многу долги ладни временски интервали, јавија словенечките медиуми, повикувајќи се на метеоролошки податоци.

Ова е прв пат од 1997 година последните четири недели да бидат околу еден степен постудени од долгорочниот просек.

Наведено е дека слично време се очекува и во мај, но со малку повисоки температури.

Извор: МИА