Италија ја достигна целта од половина милион вакцини на ден

30

Италија ја достигна целта поставена од Владата во Рим во настојувањата да ја интензивира кампањата за вакцинација против Ковид-19, така што може да администрира половина милион вакцини на ден до крајот на овој месец, соопшти министерот за здравство Роберто Сперанза.

– Вчера администриравме 500.000 дози вакцини, напиша министерот на Фејсбук.

Во исто време, тој им се заблагодари на мажите и жените вработени во националната здравствена служба и сите институции за големите напори и тимската работа.

– Вакцината е вистинскиот начин да се излезе од овие месеци кои беа толку тешки, додаде Сперанза.

Извор: МИА