Кошаркарската репрезентација на Македонија ја чека пеколен период во претквалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри кои следната година ќе се одржат во Париз. „Црвено-жолтите“ од 12-ти до 20-ти август ќе учествуваат на турнирот во Естонија, каде освен домаќинот и нашата репрезентација, ќе учествуваат и селекциите на Чешка и Израел. Најдобрите две селекции продолжуваат во полуфиналето кое ќе се игра во полскиот град Гливице.

По пауза од цела една година, која ја предизвика една посериозна повреда на раката, Љубомир Младеновски повторно е дел од репрезентацијата.

  • Со самите имиња кои што се на турнирот и против кои ќе се натпреваруваме, само по себе говори за тоа колку силен ќе биде тој турнир. На нас ни останува ништо друго освен да го дадеме својот максимум. Да видиме прво во кој состав ќе отидеме таму, а со овој квалитет со кој располагаме мислам дека можеме рамноправно да се бориме, и да се надеваме дека би поминале во следната фаза. Топката е тркалезна, и може се да се случи, истакна Младеновски.