Македонската пејачка Зорица Блажева, попозната со прекарот Зои Блаж, и нејзиниот свршеник, ракометарот од Словенија, Тадеј Матијашич, честопати објавуваат фотографии од својот приватен живот.

По неколку прекрасни години од својата љубовна врска, тие и официјално станаа маж и жена. На тој начин згодната Зои на сите злобници им ги замати муабетите дека тие се поодамна разделени, а еве бракот кажува дека не се, дека сè било лага од трачерите.

– За нашата разделба зборуваа само нетокму луѓе, токму така би ги нарекла таквите. Јас и Тадеј многу добро знаме која сум и чија сум, а отсега сум сопруга на мојот Тадеј, најдобриот и најубавиот маж на светот, и тогаш ова истото го кажа токму за весникот ВЕЧЕР, секогаш одлично расположената Зорица. Сега само да потсетиме бидејќи приказните за разделбата не стивнуваат. Кој знае зошто?

Очигледно, во оваа наша „малечка бара со крокодили“ не било добро да си среќен, успешен и вљубен. А, судејќи по оваа најнова нивна фотографија од брачниот кревет, тие се не само вљубени туку едноставно кажано љубовта цути насекаде околу нив.
Да потсетиме дека нивната искрена љубов се родила поодамна во нашата Македонија додека Матијашич играше седум години во ракометниот клуб „Металург“.  Д.М.