Јапонски Но театар во МНТ

226

Во Македонскиот народен театар на 4 октомври, во 20 часот, за првпат ќе се изведе традиционална уметност од Но Театарот Јамамото, со 21 учесник, вклучувајќи и тројца носители на сертификат за нематеријално културно добро, доделен од страна на Владата на Јапонија. Настанот е во организација на Амбасадата на Јапонија.

На програмата се делата „Хагоромо“ (Перјаното руво) и „Цучигумо“ (Земјениот пајак) со титл на англиски и на македонски јазик.

Но e вбројан во листата на УНЕСКО за Светско нематеријало културно наследство. Настанал пред околу 650 години и е најстарата зачувана сценска уметност, која до ден-денешен се изведува непрекинато и без да претрпи значајни промени.