Две понуди за Вилијан

113

Актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, доби сериозна конкуренција во каталонскиот гигант Барселона, кога е во прашање потписот на бразилскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Вилијан.

Одличниот играч за врска на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен играч, а се погласни се шпекулациите дека Бразилецот не сака да ја продолжи соработката.