Полјакот Камил Штохол е победник на Новогодишната турнеја „Четири скокалници“, во рамките на Светскиот куп во ски скокови, откако забележа победа на последната станица од ова натпреварување, австрискиот Бушосхофен.

Штохол во вкупниот пласман на турнејата осови 1110,6 бодови, а победата во Бишосхофен ја оствари со скокови од 139 и 140 метри. За Полјакот ова е трета победа на Новогодишната турнеја, претходно славеше во 2017 и 2018 година.

На второто место во генералниот поредок се најде Германецот Карл Гаигер со 1062,5 бодови. Тој на скокалницата во Бисешхофен го освои третото место со скокови од 138 и 133,5 метри. Последното место на победничкиот подиум му припадна на минатогодишниот победник Полјакот Давид Кубацку со 1057,8 бодоби, за 0,4 повеќе од водечкиот во генералниот поредок во Светскиот куп , Норвежанецот Халвор Егнер Гренеруд.