Шкринар не е за продажба

171

Раководните лица на италијанскиот калчо гигант Интер испратија јасна порака до сите клубови кои се обидуваат да ги осигураат услугите на словачкиот интернационалец Милан Шкринар. За разлика од италијанските медиуми кои со денови тврдеа дека централниот дефанзивец е на продажба, челниците на Интер потврдија дека Шкринар нема да биде продаден до крајот од летниот преоден рок. Сепак, тие потврдија дека преговарале за продажба на Словакот со челниците на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем.