Неправилности при трансфер на играчи се откриени и во најсилната кошаркарска лига – НБА. Казни добија Чикаго Булс и Мајами Хит и ќе им биде одземено правото да бираат во вториот круг на следниот драфт.

Имено, само неколку минути по официјалниот почеток на трансфер рокот беа објавени трансферите на Лонзо Бол од Њу Орлеанс во Чикаго и Кајл Лаури од Торонто на Маками, што во крајна линија значи дека трансферите биле договорени порано што е строго забрането во НБА лигата.