Со оглед на тоа дека многу го кријам својот приватен живот, вниманието на јавноста е поголемо. По малку ме изненади креативноста на одредени медиуми. Не знам дали претерале или не, но знам дека моите обожаватели го голтаат сето тоа што се пишува. 90 отсто од тие приказни нека ги земаат со резерва!

Сплитскиот пејач, мегапопуларниот Петар Грашо, кој наскоро треба да пее во Скопје во еден угостителски објект, се разбира за оние кои имаат многу пари да платат и покрај вечерата да уживаат во неговите хитови, постојано го привлекува вниманието со својата нова девојка Хана, ќерката на хитмејкерот Тончи Хуљиќ.

Освен што убаво пее, а и убаво изгледа, Грашо за своите обожавателки е мошне интересен и по тоа што знае да си ги одбере девојките. После онаа неговата долгогодишна врска со популарната Данијела Мартиновиќ, тој не згрешил ниту со Хана.

-Хана е многу добро, ние сме среќни и задоволни. Таа понекогаш ме прати на моите настапи, но на наредниот во Скопје, нема да дојде. Не ми пречат пишувањата на весниците и порталите. Со оглед на тоа дека многу го кријам својот приватен живот, вниманието на јавноста е поголемо. Сепак, по малку ме изненади креативноста на одредени медиуми и смислувањата на разни облици од нашата љубовна приказна.
Не знам дали претерале или не, но знам дека моите обожаватели го голтаат сето тоа што се пишува. Им порачувам, 90 отсто од тие приказни да ги земат со резерва.

Јас и Хана си го живееме својот убав живот, па нека и медиумите бидат задоволни, раскажа пејачот, кој пред скопјани наскоро ќе промовира и неколку нови песни, за кои секако дека сме убедени ќе станат омилени за слушање. (Д.М.) foto:YT/FB