Чешкиот претседател Петр Павел пуштен од болница откако падна од мотоцикл – од понеделник го чекаат редовните обврски

53

Чешкиот претседател Петр Павел денеска беше пуштен од болница откако во четвртокот се здоби со полесна повреда при пад од мотоцикл, соопшти неговиот кабинет.

Во соопштението се наведува дека распоредот на Павел за следната недела останува на сила, вклучувајќи го и планираното патување во странство, објави Ројтерс.

Павел треба да го посети Јордан следната недела и да учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Прага.

Се вели дека чешкиот претседател се здобил со полесна повреда кога со мала брзина паднал од моторот за време на тренинг.

Павел, 62-годишен поранешен началник на чешката армија и висок функционер на НАТО, ја презеде функцијата минатата година и продолжи да се занимава со своето хоби – мотоциклизмот.