EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Возачот на Ред бул, Макс Верстапен, нема да има топло добредојде на трката за ГН на Мексико, смета тимскиот шеф на Ред бул, Кристијан Хорнер. Тој откри дека навивачите на Серхио Перез не се пријателски расположени кон трикратниот светски шампион.

  • Не верувам дека Макс ќе го добие најтоплиот пречек во Мексико. Целосно го поддржуваат Чеко, сакаме да се натпреваруваме во Мексико, ги сакаме мексиканските навивачи, страста – делот на стадионот е уникатен. Значи, едвај чекаме да стартуваме таму – изјави Хорнер.

И оваа година, како и во минатото, односите меѓу Верстпен и Перез не се како што треба, особено откако Макс минатата година ја одби наредбата од боксот да му ја врати позицијата на Серхио на патеката во Бразил.