EPA-EFE/Remko de Waal

Луис Хамилтон (37 години) има сезона за заборав во Формула 1, но и покрај тоа, им кажал на своите работодавци во Мерцедес дека чувствува дека има уште пет години од кариерата пред себе. Седумкратниот шампион е без победа оваа сезона, но е со најголем договор меѓу конкурентите на патеката.

Според „Би-би-си“, Хамилтон во последната сезона од договорот со Мерцедес вози за приближно 46 милиони евра. На 17 трки сезонава, освои 170 бода и се наоѓа на шестото место во поредокот кај возачите, со 171 бод помалку од лидерот Макс Верстапен од Ред бул.

  • Многу разговараме. Седнавме минатата недела и тој ми рече дека има уште пет години натпреварување во него и ме праша што мислам за тоа. Ние сме искрени еден со друг и знам дека тој ќе биде првиот што ќе каже дека не може повеќе да се трка, кога ќе почувствува дека реагира пребавно или кога ќе престанат да му бидат забавни трките. Воопшто не се сомневам дека кога ќе се продолжи договорот, а ќе дојде, ќе разговараме отворено за сè што носи иднината – призна шефот на тимот, Тото Волф.

Доколку потпише продолжување на договорот за пет години, Хамилтон ќе вози до својата 42. година.