Хакими е повеќе од желба

57

Актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити, е последниот клуб кој покажа интерес за услугите на мароканскиот интернационалец од редовите на германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд, Ашраф Хакими. Офанзивниот бек е во сопственост на шпанскиот гигант Реал (М), но челниците на „кралскиот клуб“ ќе седнат на преговарачката маса доколку официјалната понуда за Хакими не биде помала од 60 мил. евра. Освен неговиот актуелен клуб, интерес за услугите на Мароканецот покажаа и челниците на Баерн (М) и ПСЖ.