ФОТО: Сите го бараат, а Кара во Скопје на кафе со невестата!

872

Не е никаква тајна дека најверните фанови на актуелниот европски клупски шампион, тимот на РК Вардар, сакаат во новата сезона „црвено-црниот“ дрес повторно да го носи хрватскиот интернационалец Игор Карачиќ. Веќе со недели се пишува дека неговиот клуб, полскиот гигант Киелце има сериозен финансиски проблем и дека постојат реални шанса популарниот Кара да се врати „дома“.

И додека сите го очекуваат конечниот расплет и се прашуваат каде е централниот бек, тој заедно со својата вереница си пие кафе во Скопје.

ФОТО: П.Стојановски