„Форд“ ќе отпушти 1.400 работници до крајот на годината

48

Компанијата „Форд“ објави планови за намалување на 1.400 работни места во САД до крајот на годината, како дел од повеќегодишната програма за преструктуирање, пишува „пари„.

Компанијата, претходно објави дека оваа година очекува загуба поради влијанието на пандемијата на корона вирусот.

Се проценува дека нејзината добивка пред оданочување во третиот квартал ќе биде помеѓу 500 и 1,5 милијарди долари, а во четвртиот квартал, кога ќе лансира неколку нови модели на возила се очекува загуба.

Минатата година, Форд намали 7.000 работни места ширум светот, насочувајќи исто така на 12.000 дополнителни отпуштања и затворање на постројки во Европа. Компанијата исто така ги преструктуираше своите активности во Кина и Јужна Америка.