Одлуката на Грција да ги затвори границите за граѓаните на Србија предизвика разочарување и бес кај соседите, но некои од нив се и креативни.

По ова се наметна прашањето како оние кои се веќе во Грција да се вратат дома ако и останатите до регионот ги затворат границите. На Фејсбук се појави фотографија на мапа за излез од ситуацијата.

Ако и Бугарија и Романија ги затворат границите за српски граѓани, горе на мапата може да го видите алтернативниот пат. Додуша, долг е повеќе од 4500 километри, ама води кон дома.