Управа за хидрометеоролошки работи за утре најавува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи.
Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. УВ индексот ќе биде 7.
Температурата ќе се движи од 9 до 29 степени.
Во Скопје променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали.
За време на викендот и потоа следува период на стабилно време со постепен пораст на дневната температура.