Украинско разузнавање: Руски специјалци поставиле експлозив во инфраструктурни објекти во Доњецк

74

Украинската воена разузнавачка служба објави дека располага со информации оти руски специјалци поставиле експлозив во голем број инфраструктурни објекти во Доњецк контролирани од проруските сили.

– Ваквите потези имаат за цел да ја дестабилизираат ситуацијата на привремено окупираните територии на нашата земја и да создадат основа за обвинување на Украина за терористички напади, објави украинската воена разузнавачка служба на својот официјален профил на Твитер.

Службата ги повика жителите на Доњецк да не ги напуштаат своите домови и да не користат јавен превоз.