Во чест на пријателска Јапонија:Гала оперски концерт „Аригато“ на сцената на НОБ/ГАЛЕРИЈА

154

На сцената на Националната опера и балет во 20 часот започна гала оперскиот концерт, насловен „ARIGATO“, или во превод од јапонски јазик  „благодарам“.

Концертот се организира во знак на благодарност кон пријателска Јапонија, по повод реализацијата на проектот од јапонската програма за развој на културата – „Проект за подобрување на музички инструменти, опрема за озвучување и осветлување на Национална опера и балет”.

Фото:Ѕ. Плавевски

 

На Гала оперскиот концерт настапуваат нашите солисти Сандра Митровска – сопран, Наде Талевска – сопран, Катерина Стојановска – сопран, Елена Голомеова – сопран, Соња Пендовска Мадевска – мецосопран, Благој Нацоски – тенор, Зоран Сотиров – тенор, Никола Стојчески – тенор, Ристе Велков – баритон, Игор Дурловски – бас, хорот и оркестарот на Национална опера и балет.