Трагедија на американско езеро: Риболовец ја мерел дебелината на мразот на езерото за да ја провери безбедноста, ама се лизнал, паднал и се удавил

261

Рибар кој ја проверувал дебелината на езерскиот мраз за да рибари во дивината на американската држава Мејн, не успеал и се удавил во ледената вода.

Волтер Демонс (62) и еден пријател во петокот дупчеле дупки во мразот на езерото Квакиш на 50 метри од брегот за да утврдат дали е доволно дебел за безбеден риболов, но мразот пукна и тие завршија во ледената вода, соопштија властите.

Двајцата рибари се довикувале додека се обидувале да се качат на мразот, но по некое време Демонс му кажал на својот пријател дека нема сила и се лизнал под замрзнатата површина на езерото.

Неговиот пријател, кој успеал да се качи на мразот и да се јави на 911, бил однесен во болница поради хипотермија, додека телото на Демонс било пронајдено еден час подоцна со помош на сплав за спасување донесен од пожарникарската служба.

Ловочуварите ги предупредија граѓаните да внимаваат на мразот, истакнувајќи дека мразот е „подмолен“.