Три службени возила отстапени на користење на полициската станица Центар

110

Општина Центар продолжува со активностите за поддршка на полициските станици кои се наоѓаат на нејзината територија.

На вонредната деветта седница на Советот на Општина Центар, советниците донесоа одлука за давање на користење на три општински службени возила за потребите на полициската станица Центар поврзани со епидемијата на корона вирусот.

Како што информираат од Општината, покрај отстапувањето на службените возила, 10 пумпи за распрскување на течност им се понудени на специјалните единици за дезинфекција и заштита од корона вирусот, а продолжува и секојдневното снабдување со храна и заштитни маски, ракавици и антибактериски гелови во полициските станици во Општина Центар.