Полумаратонот „Корона трча“ се одржа во Кенија, при што атлетичарите трчаа сами на своите предвидени локации.

Пандемијата на корона вирусот го парализира светот на спортот, но и покрај тоа, 30 кениски спортисти учествуваа на полумаратонот, трчајќи 21 километар на различни локации во земјата, но не како група, туку индивидуално.

Победник во машка конкуренција беше Едвин Кирва, кој ја водеше полумаратонската трка со личен рекорд од 1:01:52.

  • Тоа беше како потера за имагинарен човек. Никогаш не можев ниту да го замислам ова, изјави Кирва за Олимпискиот канал.

Кај атлетичарките најдобро време оствари Фенси Чемутаи 1.10:05.