Траволта се прости од Њутн Џон: Твој сум од првиот момент кога те видов и засекогаш – Твојот Дени!

5818

Актерот Џон Траволта се прости од својата колешка, актерката Оливија Њутн-Џон, која почина во понеделник на 73-годишна возраст. Траволта се прослави заедно со Оливија во мјузиклот Брилијантин, кој испиша историја во филмската музика.

Актерот се прости од колешката преку социјалната мрежа Инстаграм, а објавата за помалку од два часа собра повеќе од милион лајкови.

– Најдрага моја Оливија, ни ги направи нашите животи многу подобри. Твоето влијание беше неверојатно. Те сакам многу. Се гледаме „на патот“ и сите повторно ќе бидеме на едно место, заедно. Твој сум од првиот момент кога те видов и засекогаш! Твојот Дени, твојот Џон – напиша Траволта.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by John Travolta (@johntravolta)

 

Трогателно збогување на сопругот од Њутн-Џон: „Оливија, нашата љубов го надминува нашето разбирање“