НОВИ ТЕНЗИИ НА ИСТОКОТ: Америка испраќа војска на 95 километри од кинеската граница

510

Армиите на САД и Индија ќе одржат заеднички вежби на Хималаите во октомври, на помалку од 100 километри од спорната погранична област со Кина.

Локацијата на вежбите e објавена во услови на заладени односи меѓу САД и Кина поради проблемот со Тајван, при што Индија и Кина имаат историја на конфликти во областа.

Вежбите ќе се одржат во средината на октомври во близина на градот Аули во индиската држава Утаракханд, објавија американските медиуми повикувајќи се на извори од индиската армија, пренесува RT. Аули се наоѓа на јужните падини на Хималаите, а главна тема на вежбата ќе биде борбите на висока надморска височина од 3.000 метри.

Аули се наоѓа на 95 километри од линијата на поделба меѓу Индија и Кина. Двете страни тврдат дека им припаѓа територија од другата страна на таа линија, а таа служи како де факто граница од крајот на Кинеско-индиската војна во 1962 година.

Односите меѓу Индија и Кина се затегнати откако во судирот во јуни 2020 година загинаа најмалку 20 индиски војници и четворица кинески војници. Тензиите неодамна дополнително ги подигна Кина, која изгради мост над езерото Пангонг Цо, кое се наоѓа долж границата. Изградбата на мостот беше осудено од индиската влада како нелегална окупација.