Трогателно збогување на сопругот од Њутн-Џон: „Оливија, нашата љубов го надминува нашето разбирање“

551
Фото: Instagram

Џон Истерлинг, сопругот на Оливија Њутн-Џон, во првото официјално соопштение по нејзината смрт, и оддаде признание на пејачката дива за сè што правела во нивниот брак, но и во долгогодишната борба против лошата болест од која починала.

„Оливија, нашата љубов го надминува нашето разбирање“, напиша Истерлинг на Инстаграм доцна синоќа.

Њутн-Џон почина на 73-годишна возраст по долга борба со ракот на дојката.

Траволта се прости од Њутн Џон: Твој сум од првиот момент кога те видов и засекогаш – Твојот Дени!

„Секој ден изразувавме благодарност за оваа љубов која може да биде толку длабока, толку реална, толку природна. Никогаш не моравме да ’работиме’ на тоа“, додал во описот под сликата со сопругата.

Потоа зборуваше за нејзината „суштина“ и за тоа како лечела преку песни, зборови и допири.

„Таа беше најхрабрата жена што некогаш сум ја познавал. Само Божја милост ми овозможи толку долго да ја делам длабочината и страста на нејзиното битие. Во најтешките моменти секогаш имала хумор и сила да ги придвижи работите кон светлината. Дури и сега, додека нејзината душа се издигнува, болката и празнината во моето срце ги лекува радоста на нејзината љубов и светлината што свети напред“, заклучил сопругот во написот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Olivia Newton-John (@therealonj)