Управниот одбор на Реал Мадрид реши да ги номинира автомобилистот Карлос Сајнц сениор и кошаркарот Лука Дончиќ за почесни членови на клубот, што е најголемо клупско признание.

  • Реал Мадрид би сакал јавно да оддаде признание на овие две водечки фигури во светскиот спорт, кои се примери за нашите вредности и кои секојдневно ја демонстрираат својата посветеност и страст кон нашиот клуб, стои во соопштението за медиумите.

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ го носеше дресот на Реал од 2015 до 2018 година, а потоа замина во НБА-лигата. Што се однесува до Сајнц, тој честопати присуствуваше на натпревари на „Сантијаго Бернабеу“.