Не е исплашена, но е малку загрижена бидејќи мисли дека во ова лудо време на пандемија има многу психопати. –“Јас сум таква неустрашлива, дури и заканите ги свртев на шегобиен начин”, порача веселата пејачка

Дали знаете дека познатата поп-пејачка Зорана е братучетка на Тијана и Тамара Тодевски? Не знаевте, сигурно. Е, сега знаете. Зорана подеднакво ги сака и двете свои братучетки, како ѝ тетка и Бранка, мајка на Тијана и Тамара. Но сепак, мала предност Зорана ѝ дава на Тијана. Само затоа што карактерно се исти како јајце на јајце, како иста мајка да ги родила. – Ние двете сме позитивно луди, го имаме оној позитивен дух, а кога е нешто смешно се смееме толку силно со што задолжително со смеата ги заразуваме сите околу нас. Тоа е чудо едно, мајка природа, тоа сигурно го наследивме од некој од нашата фамилија, објаснува Зорана.

Зорана, пред да ги симне 20 килограми

Сепак, Зорана деновиве најчесто објаснува за изгубените 20 килограми благодарение на ригорозната диета. Вака ослабната Зорана никогаш не изгледала подобро, позаводливо, порачуваат нејзините фанови. Сепак, во целата таа весела ситуација и со Тијана и со слабеењето, Зорана имаше и смртни закани од некои непознати ликови.

– Тој некој дури ми посака смрт, а една од пораките беше бизарна: „Ти си убава, кога ќе умреш ќе бидеш поубав труп“. Не е исплашена, но е малку загрижена бидејќи мисли дека во ова лудо време на пандемија има многу психопати. -Јас сум таква неустрашлива. Дури и заканите ги свртев на шегобиен начин. Не е црн хумор, но хуморот е нешто што со мојот весел дух ме одржува во живот, објасни разубавената Зорана.  Д.М.  foto:Instagram