Телефонски разговор Путин-Бајден за обидот на атентат врз Лукашенко

131

Рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Џо Бајден разговараа по телефон за обидот за атентат врз белорускиот претседател Александар Лукашенко, потврди Кремљ.

– Да, разговараа, кратко им одговори на новинарите портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, пренесува агенцијата ТАСС.

Тој не сакаше да одговори на прашањето дали администрацијата на Бајден е на кој било начин вклучена во организацијата на атентатот, но рече дека специјалните служби „ги објавија сите информации што може да се објават“.

Извор: МИА