Скопјани пијат квалитетна и безбедна вода

21

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење. Тоа го потврдуваат испитувањата и анализите на примероците од вода земени од повеќе делови во Градот, спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 12.04.2021 до 16.04.2021 зема 191 примерок за физичко-хемиска и 191 примерок за микробиолошка анализа на вода за пиење од 47 мерни места во град Скопје.