Театар на отворено со илјада маски и многу музика: Вевчанските василичари ќе критикуваат, а посетителите ќе се забавуваат

81

Музичкиот дел од карневалот ќе започне на 12 јануари, кога ќе настапат групата Архангел и Неша (Галија), Културно уметнички работници и Ди Џеј Рутбој. Дефилето на маски започнува следниот ден на 13 јануари, во 14 часот. Вечерта на 13-ти јануари присутните гости ќе ги забавуваат Кате и Нели ти реков, Баклава, Џубокс бенд и Оркестар Зурли и тапани од Вевчани

Традиционалниот и надалеку познат Вевчански карневал, со кој се слави доаѓањето на новата година по стариот календар и годинава од 12 до 14 јануари ќе понуди многу забава, музика, и маски кои досега не биле видени… Како што велат и организаторите, Вевчани и оваа година ќе биде центар на сатирата и театар на отворено без режија.

Музичкиот дел од карневалот кој секоја година привлекува голем број посетители ќе започне на 12 јануари, кога ќе настапат групата Архангел и Неша (Галија), Културно уметнички работници и Ди Џеј Рутбој.

Дефилето на маски започнува следниот ден на 13 јануари, во 14 часот. Веќе се изработени над 1.000 поединечни и групни маски, кои годинава се очекува да ги видат околу 10 илјади посетители.

“Василичарите преку маските ја критикуваат актуелната власт, ги критикуваат потезите што таа ги направила, за кои сметаат дека не се во ред. Тие се еден добар коректив, многу работи можат да се видат и да се слушнат и на крајот да се преземе нешто да се исправат девијациите во владеењето”, истакнуува вевчанскиот уметник Симун Лешоски, автор на дизајнот за пасошот на Република Вевчани и на вевчанските банкноти – личници.
Музиката продолжува вечерта на 13-ти јануари, кога присутните гости ќе ги забавуваат Кате и Нели ти реков, Баклава, Џубокс бенд и Оркестар Зурли и тапани од Вевчани.

Кулминација на настанот како и секоја година е на 14 јануари утрото во 2 часот и 30 минути по полноќ кога младоженецот и невестата одат да полнат вода на вевчанските извори од која подоцна приготвуваат кашарник.
Карневалот ќе заврши истиот ден попладнето, со традиционалното палење на маските. Со оцва завршува карневалот во Вевчани кој има долга 14-вековна традиција.

” Ова ќе биде уште една можност за уникатно искуство. Вевчанскиот карневал е најголем европски фестивал на сатира и театар без режија. За ункатната карневалска поворка веќе се изработени повеќе од 1.000 маски”, посочи и вевчанскиот градоначалник Сашо Јанкоски, кој ги покани сите што имаат желба да дојдат на традиционалниот вевчански карневал и заедно да го прослават доаѓањето на новата година по стариот календар .