Татко од Кина направил безбедносна носилка за своето бебе за заштита од вирусот корона од транспортер за мачки

758

Сао Јунџе (30) кој живее во Шангај со својата сопруга и бебето, пренаменил, транспортер за мачки за да направи носилка која се затвора и има монитор за квалитет на воздухот кој ја прикажува концентрацијата на јаглероден диокид внатре.

Поради епидемијата поминав цел месец изработувајќи ја оваа носилка за своето дете. Тоа може да создаде безбедно и удобно опкружување за бебето, изјавил Сао за Ројтерс.

https://twitter.com/i/status/1242192645801172993

Неговата сопруга Фанг Лулу кажа дека на почетокот не била сигурно колку ќе му биде удобно на бебето во тоа креветче.

„Мислам дека носилката што ја направи Сао е мошне безбедна. Пробавме неколку пати, така што чувствувам олеснување, рекла Фенг.

Јунјие изработил и специјалниот костим инспириран од популарната акциска игра Death Stranding’ по која се инспирирал и за изработката на своевидна кабина со филтер внатре и екран што го покажува квалитетот на воздухот.

Посебен влез со ракавици им овозможува на родителите да посегнат по своето бебе во секое време.

Бидејќи сакам научни филмови и игри, структурата на безбедносната кабина е слична на играта , го проверив ликот во играта, објасни таткото.

Тој исто така кажа дека ја создал безбедносната кабина за да може да го носи бебето надвор, и дека специјалниот костим му овозможува и целото семејство да излезе на прошетка и покрај епидемијата со вирусот корона.

Вирусот Ковид-19 кој пред крајот на минатата година се појави во Кина зарази над 420.000 луѓе во светот, а повеќе од 18.000 починаа.