Сопругата на легендарниот македонски пејач Пепи Бафтировски живее во надеж како и сите ние дека вакцината против смртоносниот вирус набргу ќе биде откриена: “До тогаш да се чуваме, да ја шириме љубовта, за жал човечанството заборави на љубовта, на дружењето, на хуманоста, сите трчаа само по тие пусти пари“, вели Ава

Се уште познатата и секако никогаш не заборавена македонска пејачка Ава Керш, а сопругата на македонската фолк легенда Пепи Бафтировски живее долги години во Чикаго во Америка. Таа на својот ФБ профил на кој е доста активна го прифатила повикот да става слики од своето минато, па така ја гледаме на сликата со Пепи од далечната 1989 година од една забава во Скопје во тогаш популарниот хотел “Континентал“ место кое беше резервирано за сите ВИП-настани. “ВЕЧЕР“ ја исконтактираше се уште убавата Ава,која за жал не е веќе во водите на македонскиот фолк, а секако главната тема ни беше ситуацијата со коронавирусот во Чикаго. – И овде е лошо, се е откажано. Лично јас ќе пукнам од мака, бидејќи ми е откажан еден мој настап на национално американско ниво(Американците велат дека Ава сака да танцува, пее и глуми и дека работи со браќата Сигман). Но тоа е сега виша сила, здравјето пред се. Не, не треба да се плашиме, треба само сериозно да се заштитиме, да сме во изолација, да се молима да се пронајде што побргу вакцината а, ќе биде тоа брзо на тоа интезивно се работи. До тогаш да се чуваме, да ја шириме љубовта, човечанството заборави на љубовта, на дружењето, на хуманоста, сите трчаа само по тие пусти пари.

Јас сум оптимист, секое лошо носи добро. И ако е ова војна на некој начин, јас верувам во способноста на американските институции.Оваа држава има решение за се. Драго ми е што ме контактирате, чувајте се и бидете исполнети само со оптимизмот, не и се препуштајте на депресијата…..
Инаку, под самата слика на Ава со нејзиниот Пепи Бафтировски има и многу емотивни коментари. Ова се само некои од нив:нејзината колешка од естрадата Милица Кузмановска напишала дека Пепи људина беше и како појава и како карактер, а другиот вели дека Пепи е премногу почитуван пејач на македонската песна….“Убавицо ти посакувам само убавини, а сопругот нека почива во мир“, се вели во еден од коментарите…… како и во овој “Убави времиња. Биди жива и здрава Ава ти и твоите деца. Пепи чувај не од небото, ти го имаш сето небо.“ Лавината од коментарите завршуваат со сосема јасна порака:“Ава Керш една и единствена“. Токму така!!!
Дуле Миќиќ