Струшкото село Франгово ќе добие канализација

139

Градоначалникот на Општина Струга, Рамис Мерко и директорот на јавното претпријатие „Проаква”, Јетон Шаќири, денеска извршија увид на градежните работи за поставување канализациска мрежа во селото Франгово.

Надлежните, како што информира шефот на Кабинет на градоначлникот, Дашмир Насуфи, побарале поддршка од локалното население за реализација на проектот во предвидениот рок.

– Со изградбата на канализациската мрежа, проект вреден 260.000 евра, ќе се реши долгогодишниот проблем за жителите од Франгово. Реализацијата на ваков проект е од големо значење, како за месното население, така и за Општина Струга, изјави Насуфи за МИА.

Според него, било разговарано и за појавувањето можни проблеми во финалната фаза на проектот. Локалната самоуправа, нагласи Насуфи, ветила реализација и на други проекти во ова населено место.